вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Повик до младите да учествуваат на хакатонот Green Solutions

август 29, 2023

Средношколци, студенти и основачи/вработени во стартапи имаат можност до 1 септември да се пријават на отворениот повик за млади за учество на хакатонот Green Solutions, кој ќе се одржи на 15 и 16 септември 2023 години во Тетово. Хакатонот е организиран од SEEUTechPark и Институт Либерална Алтернатива (LAI) со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit […]

Бесплатни менструални производи на ФЕИТ, студентите сами испечатиле кутии со 3Д принтер

август 9, 2023

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е успешно реализирана иницијатива за пристап до бесплатни менструални производи во рамките на факултетот. Таа беше покрената и целосно извршена од Факултетското студентско собрание (ФСС) на ФЕИТ во текот на изминатата година, со техничка и финансиска поддршка од асистентите и деканатот на факултетот.  „Нешто повеќе од 50% […]

Тројца матуранти создадоа паметна ракавица со која може да се комуницира со глувонеми лица

јули 28, 2023

Никола Бансколиев, Владимир Вешоски и Владимир Донев се тројцата матуранти од електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ кои неодамна создадоа паметна ракавица, со помош на која може да комуницираат глувонеми лица на знаковен јазик. Идејата за ваков изум бил на нивната професорка Стефана Христовска, која предава стручни предмети во училиштето. „Таа рече дека има идеја која сака […]

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

јули 25, 2023

Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија креираа Инклузивен Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост. Примарната цел на овој прирачник изработен во рамки на проектот „Џудо за сите“ (Judo4All) кој е поддржан од Европската Унија, е да охрабрат што повеќе џудо клубови […]

Шест тима ученици ги презентираа своите идеи за развој на заедницата

јули 7, 2023

Тимот ученици од Струга со проектот „Дрим Бај – купувај струшки” денес победи на конференцијата на која беа презентирани и избрани најдобрите идеи за развој на заедницата, која беше организирана во рамките на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (младите против насилство)” што го спроведува граѓанската организација Иницијатива за европска […]

Седуммина практиканти го почнаа својот едномесечен ангажман во медиумите на „Метаморфозис“

јули 7, 2023

Седуммина млади практиканти го почнаа својот едномесечен ангажман во медиумите на Фондацијата „Метаморфозис“ (Новинска агенција Мета, Порталб и Вистиномер) од почетокот на месец јули. Иако првично беше предвидено да се ангажираат четворица практиканти, поради големиот интерес и силната конкуренција на младите кои учествуваа на четирите обуки, Фондацијата „Метаморфозис“ реши да ангажира седуммина. Станува збор за […]

ФИТР: Млади истражувачи од основни и од средни училишта ќе релизираат зелени проекти

јуни 27, 2023

Шеснаесет основни и средни училишта од земјава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Како што информираа од ФИТР, од вкупно 57 пристигнати […]

АРНО ги награди зелените идеи, една од нив е протеинска храна од леблебија и инсекти

јуни 21, 2023

Здружението за социјални иновации „АРНО“ неодамна ги прогласи победниците од годинешниот натпревар „Зелени идеи“. Членовите на жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки“ на Натали Ристовска-ЈОВАНКА МАИСОН ДООЕЛ Скопје и „Дизајнерски шапки“ на Мирјана Јосифоска од […]

Обуки и финансирање постдипломски студии за македонските студенти ќе овозможи Европскиот институт за иновации и технологија

јуни 13, 2023

Специјализирани обуки за млади и финансирање постдипломски студии во С. Македонија ќе овозможи Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), најави денеска првиот национален секретар на ЕИТ во земјава, Александар Стамболиев. Тој информира дека изминативе години стотици македонски иноватори биле вклучени во образовните програми на ЕИТ, вклучувајќи ги и младите. Европскиот институт за иновации и […]

Заврши меѓународниот проект за е-здравство: Млади истражувачи со нови технолошки решенија

јуни 6, 2023

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се одржа завршна конференција во рамки на меѓународниот проект „Wide Health“, кој беше фокусиран на паметни уреди и технологии, е-здравје; здравство водено од податоци; вештачка интелигенција и машинско учење за здравство. Во овој проект учествуваа партнери од пет држави: ФЕИТ/УКИМ – координатор на целиот проект, Институтот Јожеф […]

Македонски иноватори ќе изработуваат уникатни рамки за очила од кафе со фокус на заштита на животната средина

мај 19, 2023

Кафе! Секојдневна рутина на многумина е денот да го започнат со филџан кафе. Уште од 16-от век во Европа пиењето кафе е ритуал е пренесен на генерации и широко распространет на Балканскиот Полуостров. Денес, кафето не само што е еден од најупотребуваните зборови во светот, туку се рангира и како еден од најпопуларните пијалоци. Вкусот, […]

Меѓународниот натпревар „РобоМак 2023“ со фокус на дигитализацијата и вештачката интелигенција

мај 8, 2023

На Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) денес започна 11-то издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – РобоМак 2023. Деканот на факултетот, Димитар Ташковски, ги поттикна студентите да го користат своето теоретско знаење во пракса, преку вакви настани. „Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се […]

„Првиот робот адвокат“ DoNotPay доби тужба од адвокатска фирма затоа што „нема диплома“

април 30, 2023

DoNotPay, кој се опишува себеси како „првиот робот-адвокат во светот“, е обвинет за вршење адвокатска дејност без лиценца. Против него на 3 март од адвокатската фирма Еделсон со седиште во Чикаго е поднесена колективна тужба која во четвртокот беше објавена на веб-страницата на Врховниот суд на државата Калифорнија за округот Сан Франциско, пренесе Инсајдер. Во […]

Пејачката Грајмс го понуди својот глас за секој што генерира песни со вештачка интелигенција

април 25, 2023

Додека големите издавачки куќи се обидуваат да ги одвратат песните создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) кои ги имитираат гласовите на познатите пејачи, пејачката Грајмс ги повика музичарите да го користат нејзиниот глас при создавањето нови песни со вештачка интелигенција. Канадската поп пејачка, чие име е Клер Баучер, рече дека ќе ги сподели авторските […]

Експерти бараат развојот на вештачката интелигенција да запре на нивото на кое е GPT-4

март 31, 2023

Клучни фигури во технологијата со вештачка интелигенција (ВИ) бараат обуката на моќните системи со ВИ да бидат запрени поради стравувањата од закана за човештвото. Тие потпишаа отворено писмо со предупредување за потенцијалните ризици и велат дека трката за развој на системи за вештачка интелигенција е надвор од контрола, пренесе Би-би-си. Помеѓу оние што бараат обуката […]

Светска патувачка изложба за врвните истражувања во Германија доаѓа во Скопје

март 24, 2023

Во организација на германскиот Гете Институт, во Скопје следниот месец ќе може да се види светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија. „Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, којашто Гете Институтот во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а од 3 до 28 април ќе може да се посети во изложбениот […]

Пет тима млади луѓе ќе изработат решенија за заштита на почвата со пари од програмата Апшифт

март 23, 2023

Пет групи составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да ги остварат иновативните решенија за подобрување и заштита на почвените ресурси во заедницата и да се прилагодат на последиците од климатските промени. Иноваторите беа избрани во рамките на програмата „Апшифт“ (UPSHIFT), во која 10 средношколски тимови од […]

Во Битола остварена првата ласерска врска во земјава, пренесени музика и фотографија

март 23, 2023

Д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ со својот колега-радиоаматер, битолчанецот Николче Стојановски, во неделата вечерта во Битола ја оствариле првата ласерска врска реализирана во земјава. Притоа, од едниот на другиот уред се пренесени музика и фотографија од островот Голем Град во Преспанско Езеро, откри Трајковски на својот Фејсбук профил. […]

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција

март 22, 2023

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита […]

Гугл го лансираше својот чет-бот Бард, но само за лица над 18 години

март 22, 2023

Гугл вчера го лансираше својот чет-бот наречен Бард, за почеток во Обединетото Кралство и САД, и во моментов е достапен само за одредени корисници на возраст над 18 години. Станува збор за круцијален момент за компанијата, чија профитабилна услуга за пребарување на Интернет е под ризик да биде надмината од чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ), […]

Страна 3 од 14