сабота, 6 декември, 2025
Meta.mk

Бројот на ученици опаѓа, се вработуваат сè повеќе наставници

22 декември 2022

Во училиштето во селото Добрево во близина на Пробиштип, во 2012 година, учеле вкупно 11 ученици. Постепено, бројот на дечиња се намалил на осум, сè додека во училиштето не останало само едно детенце, за да денеска, ученичките столчиња се сосема празни, а школото – под клуч. Училиштето во Добрево не е единственото во земјава во […]

За Центар и Карпош есенва не се мери аерозагадувањето со ПМ 2,5 честички, Лисиче со мистериозни податоци [инфографик]

9 декември 2022

Сезоната на аерозагадување во Скопје почна, а податоците од мерните станици за Центар и Карпош за ПМ 2.5 честичките ги нема во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање. За октомври и ноември 2022 година нема податоци за најопасните загадувачки честички, додека за традиционално најзагаденото место во Скопје – мерната станица Лисиче, […]

Невработеноста е главен проблем на младите во земјава, алармира и Европската Комисија [инфографик]

24 октомври 2022

Невработеноста кај младите останува проблем во чија насока Северна Македонија мора да работи напорно. Ова беше констатирано во последниот Извештај за 2022 година за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат. Младите и задоволувањето на нивните потреби останува предизвик кој мора да се адресира и реши. Извештајот ги истакнува недостатоците на кои земјата треба […]

Ниту половина од даноците за животна средина не се инвестираат во нејзината заштита [инфографик]

8 октомври 2022

Даноците за животна средина што се уплаќаат на државно конто се значително поголеми од инвестициите и трошоците за заштита на животна средина во земјава. И покрај тоа што македонското општество се соочува со бројни еколошки предизвици, магичниот круг на парите вели дека ниту половина од уплатените даноци за животна средина во Македонија не се инвестираат […]

Пандемијата проаѓа, цените на горивата се стабилизираа, но автобуските билети останаа скапи

2 октомври 2022

Еден ден по започнувањето на академската 2022/23 година, цените на меѓуградските автобуски билети што зимава се покачија, остануваат непроменети. Студентите кои од другите градови патуваат до главниот град или до градовите каде има универзитет, се оставени сами на себе во однос на зголемените трошоци за патување. За некои тоа значи двојни давачки, а за некои […]

Младите не им се приоритет на општините – тешко оди спроведувањето на Законот за младинско учество

1 октомври 2022

Истечени рокови и незаинтересирани општини – вака накратко би можело да се опише спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики. Само 12 отсто од општините во Северна Македонија формирале локални младински совети, и покрај тоа што законот ги обврза сите општини тоа да го сторат до јануари минатата година. Канцеларија за млади формирале […]

Државни органи без интернет-страници, без социјални мрежи и со портпароли „на одмор“

21 септември 2022

Варира нивото на транспарентност и отчетност кое го достигнуваат државните институции во однос на комуникацијата со јавноста. Дел од македонските државни органи котираат високо на листата на отчетни институции, дури и се рангирани најдобро во регионот, а други се на самото дно на истата листа, речиси сосема недостапни за граѓаните. Додека едни имаат разработено цели […]

Мнозинството возила возат на нафта, државата нема субвенции за уреди на плин, општините спијат [инфографик]

3 септември 2022

Министерството за економија годинава нема да додели субвенции за вградување на плински уреди во возилата, бидејќи со антикризните мерки Владата одлучи да ги пренамени средствата предвидени за оваа намена. Општините исто така не доделуваат средства на граѓаните за промена на погонското гориво на кое се движат старите возила, а статистичките податоци покажуваат дека расте бројот […]

Наместо да опаѓаат, емисиите на стакленички гасови во Македонија растат [инфографик]

2 септември 2022

Откако го достигна историски најнискиот рекорд на емисии на стакленички гасови во 2016 година, Македонија повторно го зголеми испуштањето на штетните супстанци во атмосферата кои придонесуваат за негативното влијание на климатските промени. Секторот Енергетика во ваквиот негативен раст предничи. Според последните податоци за 2019 година објавени во Извештајот за националниот инвентар на стакленички гасови на […]

Доделени наградите за младинско учество на една актерка и две здруженија

13 август 2022

Претседателот Стево Пендаровски, вчеравечер се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на претседателот. Годинашни носители на наградата се актерката Изабела Јакимова, во индивидуална категорија, неформалната група на млади Младите на Една може (One Can Youth), во категоријата на неформални […]

Кризата го намали увозот на возила годинава, сè уште нема забрана за увоз на коли со ЕУРО 4 мотори

26 јули 2022

Енергетската криза со значителните поскапувања на нафтените деривати годинава доведе до намалување на увозот на возила од странство поради намалениот интерес за набавка на возила од граѓаните. Во Македонија во првите шест месеци од годинава биле увезени 10.666 половни автомобили, камиони и автобуси, додека 3.272 од возилата биле увезени како нови. Податоците на Царинската управа […]

Бавното законско дефинирање на „Родово буџетирање“ ја забавува родовата рамноправност

24 јули 2022

Вклучувањето на родовите перспективи во буџетскиот процес, односно родовото буџетирање директно влијае врз унапредувањето на родовата еднаквост во земјава. Родовото буџетирање во Северна Македонија е дефинирано преку Законот за еднакви можности, а истото се имплементира преку претходно постоечка стратегија за негово воведување. Стратегијата за воведување на родово буџетирање како национален документ постои од 2012 година, […]

АНКЕТА: Универзитетски професори условуваат студенти со книги, студентите не пријавуваат

23 јули 2022

Повеќе од 30 отсто од студентите досега се соочиле со условувања од страна на нивните професори да купат книги и учебници за да добијат потпис за редовност или можност за полагање на испит, покажа анкетата што за „Мета.мк“ ја спроведе Инстаграм профилот „Студентарија“. Случајот со професорката на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и […]

Како да ѝ дадеме втор живот на старата облека – ефективни решенија за реупотреба на текстилот

21 јули 2022

Во периодите кога времето се стоплува е време кога правиме генерално чистење на домовите и на нашите ормари. Зимските алишта се заменуваат со летни, купуваме и нова облека, но што се случува со алиштата и обувките од текстил кои веќе нема да ги носиме? Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство […]

С. Македонија има полиберален Закон за прекин на бременост од некои земји-членки на ЕУ [инфографик]

9 јули 2022

Минатонеделната одлука на Врховниот Суд во Соединетите Американски Држави да го поништи 50 години стариот закон „Ро наспроти Вејд“ со што го одзема легалното право на абортус на жените во САД го стресе светското тло предизвикувајќи големи протести низ целиот свет. Поништувањето на „Ро наспроти Вејд“ дава право на секоја држава во САД одделно да […]

Во земјава студираат вкупно 51.510 студенти, речиси 60 отсто се жени [инфографик]

8 јули 2022

Вкупно 51.510 студенти се запишале на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2021/2022 година, што претставува зголемување за 1,2 отсто во однос на академската 2020/2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Меѓу запишаните студенти преовладуваат жените, па бројот на запишани студентки изнесува 29.823, односно речиси 58 отсто од […]

Родовиот јаз владее и во ниските 4,6 отсто од вработеното младо население во земјава [Инфографик]

26 јуни 2022

Во Република Северна Македонија има 104.035 работоспособно население што е на возраст од 15 до 19 години. Само 4.766 од нив, поточно само 4,6 отсто се активно вработени, а само 10,3 отсто се активни но притоа не се пријавени ниту како вработени ниту како невработени – вака изгледа табеларниот приказ на податоците од последниот попис […]

[Инфографик] Македонија втора во Европа по процентот на вработени во дејноста „комар и обложување“

21 јуни 2022

Земјава во 2019 година според процентот на вработени во дејностите коцкање и обложување од вкупниот број вработени, е на неславното второ место во Европа, веднаш зад Малта, со 1,31 отсто од вкупниот број вработени. Според податоците на Евростат, во споредбата со земјите членки на ЕУ, но и Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција и […]

Младите во „Бостание“ може да научат како се садат градинарски култури, но и самите да се испробаат [фото]

9 јуни 2022

Во паркот во населбата Ново Лисиче, позади автобускиот терминал на „5-ка“, 50-тина ентузијасти веќе втора година по ред ја одржуваат општествената градина „Бостание“. Сите заинтересирани граѓани, вклучувајќи ги и младите лица, на овој простор преку обуки и работилници може да научат како се градинари и компостира, како да се заштитат и прихранат растенијата, но можат […]

Над 150 учесници на првиот фестивал на јапонската култура во земјава

2 јуни 2022

Во Јавна соба во Скопје во саботата се одржа првиот фестивал на јапонската култура во Македонија организиран од Japan@mk. Фестивалот наречен „Нихон џи“ обедини различни аспекти од јапонската култура на едно место преку промоција на македонски граѓани, уметници, модни дизајнери, поети, архитекти, тренери на боречки вештини, ентузијасти, гикови, гејмери и косплеери кои се инспирирани од […]

Страна 1 од 3