Бурна ноќ на Косово: Експлозија на каналот Ибар-Лепенец кој е клучен за снабдување со вода и струја

Косовските власти за експлозијата ги обвинуваат српските власти, но и Русија

-

Во раните утрински часови, почнувајќи од 1:30 по полноќ, на Косово е одржана седница на Советот за безбедност во Приштина. Со седницата претседавал косовскиот премиер Албин Курти кој претходно се сретнал до командантот на КФОР, а пред тој состанок одржа вонредна прес-конференција.

За тоа време на терен, екипите забрзано работат на оспособување на оштетениот канал Ибар-Лепенец. Станува збор за клучна спојка во селото Долна Варага, каде синоќа околу 19 часот е активирано поголемо количество експлозив. Владата во Приштина, како и Курти, директно ги обвинува Александар Вучиќ и Милан Радојчиќ за организација на нападот, а сега и целата работа ја поврзуваат со украинско-рускиот конфликт.

„Оваа седница е свикана по третиот напад во последните 72 часа, кој сега имаше за цел клучна инфраструктура на земјата – системот за снабдување со вода и производство на електрична енергија“, соопшти косовската влада.

Косовските власти за експлозијата ги обвинуваат српските власти, но и Русија.

Во владиното соопштение исто така се додава оти се превземени конкретни чекори за враќање на ситуацијата во нормала. Косовскиот Совет за безбедност одобрил додатни мерки за безбедност околу објектите и услугите од критично значење, како што се мостови, трафостаници, антени, езера, канали итн. За таа цел на терен ќе бидат активирани безбедносните сили на косовската полиција и безбедност.

Исто така, велат оти ја интензивирале меѓуинституционалната соработка, за да се спречат слични напади во иднина.

Претходно, Курти во своето вонредно обраќање се пожали и на тоа дека на Северот на Косово нема косовски безбедносни сили.

„Се сеќавате на минатото лето, колку беа присутни повиците за полицијата да не носи долги цевки или да се намали бројот на полицајци, за да не се случуваат напади“, рече Курти на прес-конференцијата во одговор на новинарско прашање.

Во обраќањето тој ги повика граѓаните да останат мирни и да ги следат официјалните упатства и соопштенија, а од друга страна да:

„Одбијат да се информираат од некои добро познати портали, и дека за жал некои повеќе а некои помалку станале дел од хибридната војна против Република Косово, народот на Косово и целиот албански народ“.

Владата го потенцира истото: „Институциите на Косово остануваат максимално ангажирани да ја гарантираат безбедноста и добросостојбата на граѓаните, и да осигураат дека чинителите на овие незаконски дејствија ќе одговараат пред законот. Исто така, ги повикуваме граѓаните да не паѓаат на дезинформации и погрешни толкувања на хибридната војна против нашата држава и народ“.

Во меѓувреме, косовските сили вршат претреси во куќи во селата Варага и Угљаре, на територијата на општина Зубин Поток, која е една од општините со мнозинско српско население на Северот на Косово.

Претресите ги потврдил заменик-командирот на косовската полиција Ветон Елшани за порталот „Косово онлајн“.

„Да, полицијата врши некои претреси но не можам да кажам ништо повеќе од тоа“, рекол тој на кратко.

Во синоќешната експлозија во селото Варага беше оштетен каналот Ибар-Лепенец преку кој со вода за пиење се снабдуваат Јужна и Северна Митровица, но преку него исто така се лади термоелектраната Обилиќ А и Б.

ИзворДанас.рс

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...