Бујана Ахмети: Талентот е многу важен, но без работа не можете да постигнете ништо

Фото: Бујана Ахмети, Порталб.мк

Бујана Ахмети е 15-годишна девојка со потекло од Куманово. Родена е и израсната во Белгија. Целиот нејзин свет се врти околу харфата. Во Белгија е запишана на музичка академија. Таму Бујана поминува голем дел од денот.

Таа за Порталб.мк зборува за нејзините достигнувања.

„Татко ми многу ја сака музиката и тој беше еден од тие што ме мотивираа да се занимавам со музика. Во моето семејство отсекогаш се слушала добра музика. Кога бев мала, ја видов харфата и се заљубив на прв поглед. На музичка академија во Белгија се запишав кога имав само девет години“, вели Бујана.

Харфата има многу релаксирачки звук и тоа била една од причините Бујана да го избере овој инструмент. Досега добила многу награди со нејзината харфа, на некои натпревари го освојувала првото место. Во Белгија, таа чувствува голема конкуренција во областа на музиката, бидејќи таму има голем број музичари, но тоа само ја мотивира да продолжи со вежби и предизвици.

Една од најголемите желби на Бујана е еден ден да настапи во градот од кој потекнува – Куманово.

Пораката на Бујана за сите млади уметници е: „Талентот е многу важен. Но, без работа не можете да постигнете ништо. Треба да работите напорно за да го достигнете врвот на успехот“, вели Бујана.