fbpx

Бугарскиот парламент не го изгласа предлогот на ГЕРБ за избор на нов премиер

-

Бугарскиот парламент денеска ја отфрли кандидатурата на Николај Габровски за иден бугарски премиер, којшто беше предложен од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, пренесува Бугарското национално радио. За предлогот да биде избран Габровски гласаа 113 пратеници, додека против неговиот избор беа 125 пратеници.

Според законската постапка, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од бугарското собрание, не се гласаат следните две одлуки за структурата и составот на кабинетот. Пред гласањето, пратениците три часа расправаа за предлог-кабинетот.

Против изборот на Николај Габровски за нов премиер беа партиите Промените продолжуваат, Бугарската социјалистичка партија, Демократска Бугарија и Преродба.

Откога пропадна обидот на Бојко Борисов да ја формира новата бугарска влада, следен чекор е бугарскиот претседател Румен Радев да му го даде мандатот за формирање влада на втората по големина партија во парламентот, а тоа е партијата Промените продолжуваат.

Веќе е извесно дека коалиционите партнери од претходната влада на Кирил Петков – Промените продолжуваат, Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија немаат мнозинство за да ја формираат новата влада, така што за нивното формирање ќе треба да се водат дополнителни преговори меѓу партиите.

Последните парламентарни избори се одржаа во Бугарија во октомври годинава. Доколку партиите не успеат да се договорат за составот на новата влада, земјата ќе мора да оди на нови парламентарни избори. Во меѓувреме, со Бугарија раководи техничка влада предводена од Галаб Донев како предлог на претседателот Румен Радев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...