fbpx

Бугарски медиум извртува факти од интервјуто на Заев за грчка „Алфа“

-

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија „Алфа“ предизвика голем интерес на јавноста и дома и кај соседите, па вест за тоа беше објавена и во бугарскиот медиум „Факти“, но, со погрешно цитирање.

„Факти“ во веста под наслов „Северна Македонија присвојуваше туѓа историја“, информирајќи ги своите читатели дека Заев признал дека „крадевме историја од своите соседи и од светот“, вели дека во изминатите неколку месеци „тој се обидува да постигне договори со соседните држави на Македонија за културното наследство“

Притоа, конкретниот цитиран пасус што треба да го оправда насловот и главата на веста во бугарскот медиум „Факти“ гласи:

Ние правевме обиди да ја пренапишеме историјата, присвојувајќи факти од минатото на нашите соседи и од целиот свет. Така си дадовме автогол. На тој начин сами си ги затворивме вратите кон НАТО и кон ЕУ. Сега се обидуваме тоа да го промениме – изјави Заев.

„Факти“ се повикуваат на белградскиот портал „Б 92“, чиј цитат е најсличен со она што го вадат медиумите во Македонија и кој се разликува во еден дел од цитатот што го употребил бугарскиот медиум.

„Б 92“: Нашиот обид да се промени нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа, притоа не водејќи сметка како тоа влијае врз нашите соседи, доведе до тоа да бидеме во спор со речиси сите соседи. На тој начин се затворија сите ЕУ и НАТО интегративни процеси.

Повеќето македонски медиуми цитатот го пренесуваат во еднина – „обид“ (точно фокусиран и насочен на одреден период), потоа никаде не стои „крадење факти“, туку „преземање на светска, балканска и туѓа“, употребен е зборот „извитопери“, т.е. искриви и, конечно, никаде го нема зборот „автогол“.

Најцитирана е оваа верзија од интервјуто:

Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО

Со други зборови, со погрешниот, или поточно – со многу непрецизниот цитат –  бугарскиот медиум го засилува впечатокот на она што Заев го кажал, а дополнително, непрецизно информира дека тој (лично!?) сега се обидува да постигне договори за културното наследство, зашто станува збор за работа на комисии кои се веќе сооставен дел од договорите со Бугарија и со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Наследниците на Манаки“: Младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола

Филмот има многу дефиниции. Тој е раскажување приказни, откривање внатрешни светови. Филмот ќе се развива сè додека се развива технологијата. Ова денеска, на младите битолчани им го кажа режисерката...