fbpx

Бугарски експерти: Чудно е што немаме сведоци на катастрофата, не гледаме и траги на кочење

-

Претседателот на Синдикатот на возачи за авто-мото обука Јонко Иванов во интервју за „BulgariaOnAir“ по повод трагичната несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ рече дека станува збор за пат со многу кривини, со спуштања и искачувања. Тој вели дека не станува збор за автопат, туку за експресен пат со максимална брзина на движење од 120 километри на час.

„На овие стрмни наклони, моторната сопирачка на автомобилот е затегната, тоа е одговорност на самиот возач. Овде не гледаме пат на сопирање. Ниските заштитни огради не треба да постојат на такви ризични делници од патот“, изјави Иванов.

Според неговата изјава, покрај тоа што може да се забележи дека нема трага од кочење на автобусот, зачудувачки е што од 2 часот ноќта до 8 часот наутро немаме слики за состојбата. Изненадувачки е и тоа што нема сведоци за несреќата, рече Иванов.

Тој додава дека должност на сопственикот на патот, во зависност од условите на патот и траекторијата на самиот пат, е да постави дополнителни знаци за ограничување со кои се назначува дека брзината треба да се намали.

„Во случај на несоодветна брзина и несмасност со работата на системот за сопирање, автомобилот станува неуправлив“, појаснува Јонко Иванов.

Тој смета дека една од трите работи: патот, возачот или возилото, или комбинација од овие три нешта, довеле до трагедијата. Иванов прашува дали имало двајца возачи на автобусот и дали се запазило времето за одмор на возачите. Најдобро е за истрагата за оваа несреќа е да се формира заедничка комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Фото: Принсктин btvnovinite.bg

За Бугарското национално радио (БНР) анализа за можните причини за сообраќајната несреќа направи Диана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики. Таа во повеќе наврати реагирала за безбедноста на оваа делница од патот.

Повеќе пати сме доставувале сигнали за небезбедната состојба на таа делница, изјави таа.

„Испраќаме конкретни писмени сигнали. Не разговараме со никого по телефон. Испраќаме детални писмени извештаи за тоа што да се промени и што да се подобри“, изјави Русинова.

„Вакви трагедии може да се спречат и не е во ред да се случуваат во земја-членка на Европската Унија“, нагласи Русинова за Бугарското национално радио.

Таа потсети дека патната делница на која се случи утрово автобуската несреќа била отворена во 2004 година и се фокусираше во својата анализа на исчезнатите патокази, недостатокот на системи за ограничувања и знаци.

Русинова побара оставки од директорот на Извршната агенција за автомобилската администрација и директорот на Управата за безбедност на патиштата при Агенцијата за патна инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...