Бугарската компанија „Мусала софт“ почна со работа во Македонија

-

Бугарската ИТ-компанија „Мусала софт“, која веќе почна да работи во Македонија со десетина лица, до 2019 година планира да отвори 300 работни места и да вложи повеќе од 20 милиони евра, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

– Како резултат на напорите што ги прават Владата и Агенцијата за привлекување странски инвестиции, компанијата „Мусала софт“ почнува со работа во Македонија. Планира во земјава да отвори повеќе од 300 нови работни места до 2019 година. Главно, ќе биде вработен висококвалификуван кадар, кој ќе работи на развој на најсофистицирани софтверски производи – рече Пешевски на прес-конференција во Владата.

Претседателката на „Мусала софт“, Елена Маринова, посочи дека во компанијата веќе работат повеќе од 10 висококвалификувани стручни лица и најави дека во иднина брзо ќе се шират во Македонија, а фокус ќе им бидат помладите кадри.

– Во Македонија во моментов вработуваме мал број луѓе, но висококвалитетни и со големо искуство и ги позиционираме на битни позиции. Тоа го правиме за да можеме понатаму да се шириме. Сите минуваат низ нашата внатрешна корпоративна обука и ќе продолжиме да го правиме тоа и откако ќе се прошириме во Македонија – појасни Маринова.

Таа нагласи дека имаат програми за обука на млади и на повозрасни луѓе, но фокусирани се на помладите зашто, како што рече, имаат и партнерство со Владата.

– Во Бугарија имаме успешни програми со кои ги обучуваме луѓето што доаѓаат од другите индустрии, каде ставката на невработеност е голема и ги пренаменуваме нивните вештини кон ИТ-секторот. Се надеваме дека тоа ќе го направиме и во Македонија – истакна Маринова.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...