fbpx

Бугарска фирма со највисока понуда за рудниците Злетово и Тораница

-

На денешното електронско наддавање за концесија за рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“ понудила највисока цена од трите фирми што ги исполнувале условите за учество во наддавањето.

Компанијата која е со седиште во Софија, понудила два милиони евра за преземање на рудниците Злетово и Тораница. Фирмата „Индоминерали“, која досега управуваше со рудниците, е во стечај.

Другите две компании што наддавале, понудиле по 900.000 евра. Министерството за економија треба да потврди дали јавното наддавање ќе го даде новиот концесионер на двата рудника.

Понудените два милиони евра се само за концесија. Новиот концесионер треба да вложи дополнителни средства за рестартирање на производството поради застарената опрема и не докрај обезбедените окна, на што се жалеа и рударите.

Неодмна стечајната управничка до Центарот за управување со кризи пријави дека е поплавен влезот на рудникот Злетово.

Бугарската фирма „Минстрој“ е присутна во македонската рударска индустрија преку инвестициите во рудниците Суводол, ’Ржаново и Фенимак. Постои од 1952 година, а бизнисот го проширила во неколку странски земји, како Русија, Алжир и Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...