Бугарија и Романија се полноправни членки на Шенген од 1 јануари

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ донесе одлука за укинување на контролите на патниците на копнените граници на Романија и Бугарија со земјите од Шенген зоната од 1 јануари 2025 година

-

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ донесе одлука за укинување на контролите на патниците на копнените граници на Романија и Бугарија со земјите од Шенген зоната од 1 јануари 2025 година.

„Ова е историски момент. Бугарија и Романија конечно стануваат полноправни членки на Шенген зоната“, изјави унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер.

Според Пинтер, укинувањето на контролите на патниците на внатрешните копнени граници меѓу двете земји и останатите членки на Шенген зоната беше еден од главните приоритети на унгарското претседателство со ЕУ.

Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март годинава, но при тоа беа укинати само контролите на внатрешните воздушни и водени гранични премини, додека останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите Шенген држави.

Во одлуката на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ за целосно укинување на копнените гранични контроли се наведува дека од нивното пристапување кон Унијата, Бугарија и Романија применуваат делови од правната регулатива на Шенген зоната, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на контролите на надворешните граници, полициската соработка и користењето на шенгенскиот информациски систем.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...