Бугарија сака да го чува воздушниот простор на Северна Македонија, на ротациски принцип заедно со Грција, порача бугарскиот претседател Румен Радев денеска, јавува бугарската новинска страница „mediapool.bg“.

Тој рекол дека имал средби со премиерите на двете земји – Киријакос Мицотакис и Зоран Заев на која се зборувало на самитот на НАТО во Лондон „да бидат дефинирани параметрите на таа мисија, за и Бугарија да се вклучи во неа на ротациски принцип.

Бугарија неколкупати се навраќаше на прашањето за учество во таа мисија, но само на збор, оти се направени многу малку чекори во таа насока. Премиерот Бојко Борисов се пофали дека со новите авиони-ловци F-16 Бугарија без проблем би можела да врши заштита на македонското небо. Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов исто така е исклучително активен во однос на Македонија, но си ги насочи силите претежно на критикување на тамошните „историчари“, пишува mediapool.bg.

– Бугарија не треба да ја пропушти историската можност да го заштитува воздушното пространство на Република Северна Македонија. Додека ги одлагавме разговорите со Република Северна Македонија на таа тема за „светлата иднина“, кога ќе имаме ескадрила нови авиони, Грција склучи спогодба за таа мисија. И тоа во ситуација со кога со денешните можности можеме во потполност да ја исполнуваме таа задача, без никакви дополнителни расходи, оти таа може да се исполнува од базата „Граф Игнатиево“ – вели Радев.

Според него, тоа не е само во национален интерес на Бугарија, туку е „најмногу долг кон братска Македонија, и тоа ќе биде израз на нашата политичка зрелост и сојузничка одговорност“.

Пред неколку месеци премиерот Бојко Борисов кажа дека се спогодиле со „колегата Зоран Заев, кога ќе ги добиеме новите ловци, да го чуваме воздушниот простор и на Северна Македонија“.

– Оти така или вака, тие авиони не може да завртат толку блиску и минуваат над Северна Македонија – објасни Борисов, пишува mediapool.bg.