fbpx

Бројот на прекршоци за неносење маска драстично опаѓа, иако активни случаи со ковид-19 има многу (инфографик)

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека во изминатото деноноќие полициски службеници регистрирале 237 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето на несовесни граѓани. Ова е најмалата бројка на регистрирани прекршоци од МВР во изминатиов период откако владата ја донесе задолжителната мерка за носење лична заштита за да се спречи ширењето на ковид-19.

Наспроти намалувањето на бројот на казните на МВР, Министерството за здравство секојдневно излегува со податоци за голем број на новозаболени лица од ковид-19. Во вчерашниот ден беа регистрирани 136 новозаразени, додека во изминатава недела беше забележан и рекорден број на новозаболени лица во едно деноноќие од почетокот на епидемијата со корона вирусот во нашата земја.

Статистичките податоци на МВР покажуваат дека најмногу се казнувало во првата половина на јуни, а во одредени денови беа регистрирани и над 1.000 прекршоци за неносење на маски или друга лична заштита на лицето. Во последниве денови пак бројките на МВР покажуваат и до пет пати намален број на вакви прекршоци што ги констатирале полициските службеници.

Од друга страна, на улиците во градовите можат да се забележат граѓани кои не носат маски, дури и на најфреквентните локации. Несовесни лица не држат дистанца, се групираат во големи групи на многу мали растојанија меѓу себе како корона вирусот да е целосно искоренет. Лица без маска можат да се забележат и во јавниот превоз, како и во други затворени простории во изминативе денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...