fbpx

Бројот на починати лица од ковид-19 надмина 9.000, денеска 9 нови починати

-

Ковид-19 пандемијата во земјава резултираше со над 9.000 починати лица. Во изминатово деноноќие регистрирани се девет починати лица, со што вкупната бројка на граѓани што ја загубија битката со корона вирусот се искачи на 9.010, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје. Починатите лица се на возраст од 68 до 93 години. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022 година. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Мета.мк изминатиов викенд објави дека 2021 и 2020 година се убедливо најлоши според бројот на починати лица во земјава. Вкупниот број на починати во текот на 2021 година во земјава изнесува 28.816 лица, објави Државниот завод за статистика. Тоа е најголем број на починати на годишно ниво од осамостојувањето на земјата. Во 2021 г. починале за околу 9.500 повеќе лица во споредба со просекот во изминатите 18 години, од 2002 до 2019 година. Во оваа група не влегуваат само починатите лица од ковид-19, туку и лица коишто починале од други болести или од некоја друга причина.

Инаку, ковид бројките изминативе денови во земјава се смируваат, во делот на бројот на нови позитивни случаи на ковид-19.

Во изминатово деноноќие направени се 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19: и тоа најмногу во: Скопје – 135, Кавадарци и Струмица – по 7 и Куманово – 6.

Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (183), регистрирани се 24 реинфекции.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 845 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 3.496.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...