Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.284 тестови, а регистрирани се нови 429 случаи на ковид-19 во земјава.
Најголем број од случаите се од Скопје – 171, по што следат: Охрид – 28, Битола – 27, Куманово -19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија – по 17, Штип, Делчево и Берово – по 13, Тетово и Кочани – по 12, Радовиш – 7, Неготино – 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Виница – по 2, Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (429), регистрирани се 95 реинфекции.
Регистрирани сe 572 оздравени пациенти во изминатово деноноќие од ковид-19.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (70г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 4 починати лица: од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови во периодот од 13.08. до 18.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 2.877.