fbpx

Бројни прекини на гласачкиот процес заради скинати гласачки лифчиња, фототографирање гласови и тепачки

-

Во 12.45 во СВР Скопје било пријавено дека дошло до прекин на гласањето на гласачкото место 2732 – градинка Лавче – Горно Лисиче, бидејќи Р.И.(80) од Скопје поради недоразбирање го скинала ливчето за гласање. Од страна на избирачкиот одбор изготвен е записник и по документирање на настанот гласањето во 13.18 часот продолжило.

Во 13.00 часот во СВР Скопје, М.П. – претседател на гласачко место 2662 на ул. „Антон Попов“ пријавила дека околу 12.45 часот М.П.(36) при остварување на право на глас од четири ливчиња, само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пулт за гласање. Известен е полицискиот службеник, по што лицето е лишено од слобода и приведено во Полициска станица. По извршени консултации со Јавен обвинител, утврдено е дека постојат основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 164 став 1 од Кривичниот законик – „уништување на изборен материјал“.

Во 12.50 часот во СВР Куманово, Б.Д. – претседателка на ОИК Куманово пријавила дека кандидат за градоначалник на Куманово кај нив пријавил дека во основно училиште „Кочо Рацин“ едно лице фотографирало гласачи кои го остварувале своето право на глас. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 13.10 часот во СВР Куманово, А.Д. – претседател на избирачки одбор на избирачко место 1149 во с. Клечовце, општина Старо Нагоричане, пријавил дека во близина на гласачкото место имало штаб на политичка партија на кој имало излепено рекламен материјал од политичката партија и дека пред штабот имало поголема група на граѓани кои агитираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2021 околу 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека 49-годишниот И.К. од гостиварска Лакавица во угостителски објект во близина на селскиот мост физички бил нападнат од две лица. Според пријавеното, едниот напаѓач извадил остар предмет но не го употребил. Двајцата напаѓачи се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр. 1884 во с. Октиси, струшко К.С.(67) од с. Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.10.2021 во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во с. Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.10.2021 во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.(62) од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528. Се расчистува случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр. 2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56 часот се до 14,13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал дупли ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Околу 14,04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Околу 12,45 часот во СВР Скопје Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во изборниот список истот им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М. Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...