fbpx

Бројката на загинати во земјотресите се искачи над 11.200, Ердоган дочекан со гнев во погоденото подрачје

-

Повеќе од 11.200 загубени човечки животи е најновиот црн биланс на катастрофалните земјотреси што во понеделникот рано наутро ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, пренесува Би-би-си.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска е во посета на погодените региони во Турција, каде што се соочи со гневот на населението, кое е луто на властите поради тоа што помош и спасувачи не пристигнуваат онаму каде што е потребно, известува Би-би-си.

Една жена, Арзу Дедеоглу, на репортерот на британскиот јавен радиодифузен сервис вчеравечер му кажала дека две нејзини внуки се заглавени во урнатините во населбата Нумуне во Искендерун, а цел ден не се појавил никој да помогне.

„Имаме две деца под урнатините, Ајшеѓул и Илајда. Починале, сигурна сум дека веќе починале. Зошто не дојдоа порано?“, вели таа.

Мелек (64 години) од Антакја, исто така се жалел на неуспехот да се донесе помош.

„Каде шаторите, каде се камионите со храна?“, вели Мелек.

Турскиот претседател денеска призна дека имало проблеми во однос на првичната реакција, но сега операциите се одвивале со нормален ред, известува Би-би-си.

„На почетокот имаше проблеми со аеродромите и на патиштата, но денеска работите се олеснуваат, а утре ќе биде уште полесно. Ги мобилизиравме сите наши ресурси. Државата си ја врши работата“, рече Ердоган.

Инаку, бројката на загинати околу пладне се искачи на најмалку 11.236, откако и Турција и Сирија ги соопштија најновите бројки. Според турските власти, загинале 8.574 луѓе на територијата на Турција, а во Сирија бројката на потврдени смртни случаи до пладне изнесува 2.662.

Спасителите продолжуваат со работа и успеваат да извлечат преживеани од урнатините. Една од таквите убави приказни е онаа на 8-годишниот Јигит Чакмак, кој беше 52 часа приклештен во урнатините на една зградата во Хатај, Турција. По извлекувањето, спасителите го предале на неговата мајка.

Бројката на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 9.600

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...