fbpx

Бројот на туристи до ноември е зголемен за пет отсто во однос на 2018 година

-

Во периодот од јануари до ноември 2019 година вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,7 отсто.

Туристичките локалитети во Македонија во периодот јануари – ноември 2019 година ги посетиле вкупно 1.123.495 гости. Од нив, 716.966 биле странски туристи. Изразено во проценти, станува збор за зголемување на вкупната бројка на туристи за пет отсто во однос на истиот период од 2018 година.

Бројот на туристите во ноември 2019 година изнесувал 64.458, додека бројот на остварени ноќевања е 135.866. Споредено со истиот месец од 2018 година, бројот на туристите бил зголемен за 13,2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7,5 отсто.

Најголем придонес во забрзаниот развој на туристичкото работење имаат странски гости, чиј број само во текот на ноември 2019 година бил зголемен за 19,3 отсто.Воедно, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15,5 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...