Бројот на корисници на Zoom достигна 300 милиони

Бројот на корисници на платформата Zoom, за три недели се зголемил за 100 милиони, откако претходно евидентираше пораст од 10 на 200 милиони корисници, за ова информираше извршниот директор на Zoom, Ерик Јуан.

Порастот се должи на рестриктивните мерки за спречување на корона вирусот, откако многу компании и училишта продолжија со работа од дома.

Во 2019 година, Zoom дневно го користеле десет милиони луѓе.

На почетокот од месец април беше евидентирано продавање на Zoom профили на црниот пазар, за кое објави Blinding Computer. Неколку недели пред тоа, многу компании, владини институции и училишта ја забранија употребата на оваа апликација.