Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Најголем број од заразените се во Скопје.

– Од новозаболените 18 лица, 11 се во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово. Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица – информираат оттаму.

Од вкупниот број на заболени лица досега, 134 се од Скопје, 43 во Дебар, 17 во Куманово, осум во Штип, шест во Прилеп, по тројца во Охрид и во Велес, по двајца во Тетово и Кавадарци, како и еден заболен во Гостивар.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на фејсбук објави дека обезбедени се 55 респираторни машини. Дваесет и пет од нив се обезбедени со пари од Норвешка, а 30 ќе се купат преку добавувач од Кина, со парите што ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во борбата со корона вирусот.