Бројката на заразени со новиот корона вирус во целиот свет претпладнево изнесува 860.793, што е за 73.783 лица повеќе од вчера претпладне, покажува бројчаникот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

САД и понатаму е на врвот на неславната листа со 189.633, што во однос на 164.610 заразени до вчера претпладне е навистина загрижувачки голем пораст. Италија останува на второто место, со 4.053 случаи повеќе отколку вчера претпладне. Интересно е што Германија забележала повисоко зголемување отколку Италија.

САД: 189.633 случаи, а вчера: 164.610 (пораст од 25.023 новозаразени)
Италија: 105.792 случаи, а вчера: 101.739 (пораст од 4.053 случаи)
Шпанија: 95.923 случаи, а вчера: 87.956 (пораст од: 7.976 случаи)
Кина: 82.301, а вчера: 82.240
Германија: 71.808, а вчера: 66.885 (пораст од 4.923 случаи)
Франција: 52.836, а вчера: 45.170
Иран: 44.605, а вчера: 41.495
Обединетото Кралство: 25.481, а вчера: 22.454
Швајцарија: 16.605, а вчера: 15.922
Турција: 13.531, а вчера: 10.827
Белгија: 12.775, а вчера: 11.899
Недерландија: 12.667, а вчера: 11.817
Австрија: 10.192, а вчера: 9.634

Бројката на починати во изминативе 24 часа во светски рамки се искачи на 42.354 случаи, што е пораст од 4.525 во однос на вчера претпладне, кога имаше 37.829 случаи. Порастот во изминатово деноноќие е значително поголемо од тоа претходно, меѓу понеделникот и вторникот претпладне, кога бројката на новопочинати изнесуваше 3.811.

Морничавото прво место на светската листа по смртност од новиот корона вирусо го држи и понатаму Италија, со 12.428 смртни случаи, односно 837 повеќе од вчера претпладнето, кога имаше регистрирани 11.591 починати. Инаку, од понеделникот претпладне до вчера претпладне, бројката на новопочинати во Италија изнесуваше 812.

Италија: 12.428, а вчера: 11.591
Шпанија: 8.464 случаи, а вчера: 7.716
Франција: 3.523, а вчера: 3.024
кинеската провинција Хубеј: 3.187 (не се регистрирани нови смртни случаи од вчера претпладне)
Иран: 2.898, а вчера: 2.757
Обединетото Кралство: 1.789, а вчера: 1.408
градот Њујорк, САД: 1.096, а вчера: 914
Недерландија: 1.039, а вчера: 864
Германија: 775, а вчера: 645
Белгија: 705, а вчера: 513
Швајцарија: 433, а вчера: 359
Турција: 214, а вчера: 168
Бразил: 202, а вчера: 165
Шведска: 180, а вчера: 146