fbpx

Бројката на починати во светот од новиот корона вирус се зголеми на над 3.000

-

Новиот корона вирус Covid-19 е веќе присутен во над 60 земји, со над 88.000 заразени луѓе низ целиот свет, освен на Антарктикот. Според најновите податоци, досега починале повеќе од 3.000 луѓе.

Бројот на заразени со корона вирусот се зголемува во Италија, а Франција го затвори светски познатиот музеј Лувр.

Австралија и Тајланд во неделата ги објавија првите смртни случаи, додека Доминиканската Република и Чешката Република ги регистрираа првите заразени.

Италијанските власти соопштија дека бројот на заразените се зголемил за 50 отсто, на 1.694 за само 24 часа, а уште петмина починале, со што бројот на починатите стана 34. Во Франција бројот на заболеми е 130, односно 30 повеќе во само едно деноноќие.

Кина, каде што почна епидемијата во декември, денеска пријави 202 нови случаи, што е најниско зголемување од 21 јануари. Најголем број од новите заразени се во градот Вухан.

Во соседна Бугарија, до денеска не е регистриран ниту еден случај на заразен со Covid-19.

Во Македонија засега се почитува препораката за откажување на поголеми јавни собири, па беа откажани и Струмичкиот карневал и одбележувањето на Прочка во Прилеп.

ЕУ грант од 70 милиони евра за скопската пречистителна станица, се чека договорот за изведувач

С. Македонија доби грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со што се заокружи финансиската конструкција потребна за изградба на скопската пречистителна станица  тешка 200 милиони евра. Договорот...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download
download intex firmware
Download WordPress Themes
free download udemy paid course