fbpx

Британските и германските тенкови пристигнаа во Украина

Украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников рече дека извршил увид во пристигнатата германска и британска воена помош, но и на оклопните камиони „Кугар“ и оклопните транспортери „Страјкер“ од САД

-

Првата пратка од 18 германски тенкови „Леопард 2“ пристигна во Украина, потврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пишува Би-би-си. Писториус верува дека тенковите ќе ја постигнат одлучувачката разлика на фронтот во Украина. Германија, како воена помош за Украина, испрати и 40 пешадиски борбени возила „Мардер“.

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Ирина Золотар потврди дека во Украина пристигнале и британските тенкови „Челинџер“. Повеќе детали околу воената помош од Обединетото Кралство не беше соопштена, но затоа украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников вчера рече дека извршил увид во пристигнатата германска и британска воена помош, но и на оклопните камиони „Кугар“ и оклопните транспортери „Страјкер“ од САД.

Воените дејствија во Украина продолжуваат, но руските сили трпат загуби на првите линии на фронтот. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во најновиот извештај соопшти дека 10-тиот тенковски полк на Русија го сноси најголемиот товар од нападот врз градот Авдиивка во Донецкиот регион и најверојатно изгубил „голем дел од своите тенкови“ додека се обидувал да го опколи овој град од југ, пишува Гардијан.

Институтот за проучување на војната во својот извештај посочува дека единиците на руската платеничка војска „Вагнер“, коишто се со повисоки борбени способности, најверојатно се посветени на борбите околу градот Авдиивка, со цел „да ги зајакнат неодамнешните ограничени тактички успеси во областа“.

Во нивниот извештај се вели дека распоредувањето има за цел да помогне во поддршката на послабите единици од самопрогласената Доњецка Народна Република и дека доколку се потврди, нивното учество може да помогне да се објаснат ограничените тактички придобивки направени во областа минатата недела.

Руските сили лансирале 15 ирански дронови-камикази врз Украина, при што противвоздушната одбрана соборила 14 од нив, објави Ренералштабот на украинската војска, јавува Укринформ.

Во ракетниот напад врз градот Словјанск во Донецкиот регион загинале двајца цивили, а 29 лица се повредени. Руските ракети погодиле административен и деловен објект, пет станбени згради и седум други приватни зданија, пренесува Укринформ. Во нападот била погодена и детска градинка.

Руски ракетни напади во изминатово деноноќие имало и во Херсонскиот регион и во Суми, во североисточниот дел на Украина, при што била погодена цивилна инфраструктура, но немало загинати цивили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...