Вчеравечер британскиот премиер Борис Џонсон бил примен во болница за клинички испитувања, бидејќи уште има симптоми, 10 дена откако беше дијагностициран со Ковид-19, јавија светските агенции.

Кабинетот на Џонсон ја потврди информацијата, но не откри во која болница е примен. Во соопштението се вели дека постапката е „превентивен чекор“.

Борис Џонсон (55) сепак сè уште управува со владата. Тој беше во карантин во неговата резиденција на Даунинг Стрит во Лондон од 26 март, но продолжи да раководи со владините состаноци и имаше и неколку обраќања до јавноста.