Преку видео снимка на Твитер, британскиот премиер соопшти дека е позитивен на корона вирусот. Тој имал благи симптоми, поради што неговиот личен доктор одлучил да го тестира.

„Во самоизолација сум, работам од дома и сум во постојан контакт со своите соработници во борба против корона вирусот“ – вели Џонсон на снимката.

Тој додаде дека ќе продолжи да ја води владината кампања за справување со кризата, а граѓаните ги повика да останат дома и да се придржуваат до препораките за спречување на ширењето на вирусот.