fbpx

Британски воен советник: Руските сили имаат до 30.000 жртви во борбите за Бахмут

Според британскиот воен дипломат, ваквите загуби значат дека над 800 руски војници биле убиени или ранети за секој освоен километар во Бахмут

-

Руските сили од мај минатата година во борбите за освојување на градот Бахмут во Донецкиот регион имале помеѓу 20.000 и 30.000 загинати и повредени војници, пренесува Укринформ. Ова го изјави Јан Стабс, висок воен советник во британската делегација во ОБСЕ, кој вчера зборуваше на Форумот за безбедносна соработка во Виена.

„Во текот на изминатата недела, видовме интензивна борба додека Русија ја продолжува својата офанзива во Донбас. Русија трпи исклучително големи стапки на жртви. Од мај минатата година, меѓу 20.000 и 30.000 припадници на „Вагнер“ и на редовните руски сили беа убиени и ранети во само областа околу Бахмут – огромна загуба на човечки животи за вкупно територијално напредување од приближно само 25 километри“, изјави Стабс.

Според британскиот воен дипломат, ваквите загуби значат дека над 800 руски војници биле убиени или ранети за секој освоен километар, од кои огромното мнозинство се борци на платеничката војска на „Вагнер“.

Исто така, Јан Стабс истакна дека на Русија, исто така, се чини дека и снемува проектили, што е доказ за подолгиот интервал помеѓу руските напади врз критичната инфраструктура низ Украина.

Инаку, прорускиот лидер на самопрокламираната Донецка Народна Република во изјава за руската новинска агенција ТАСС призна дека нема најави за украинско повлекување од градот Бахмут. Тој посочува дека ситуацијата во Бахмут е „комплицирана и тешка“, додавајќи дека не може да увидат оти непријателот се повлекува од своите позиции, пренесува Гардијан.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download
download samsung firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course