Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од вкупната рамка од шест милијарди евра, во првиот петгодишен период ќе се повлечат околу 2,2 милијарди за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ја пругата од Табановце до Гевгелија. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека изборот на фирми ќе биде според Законот за јавни набавки, со повеќе понуди и без авансни плаќања

-

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една третина од парите. Ова во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, го најави министерката за финансии и потпретседателка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, овие средства ќе се користат за реконструкцијата и изградба на брзата пруга од Табановце до Гевгелија и неколку болници.

„Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека изборот на британски компании кои ќе ја вршат изведбата ќе се се прави според Законот за јавни набавки, кој предвидува повеќе понуди и избор на најповолната.

Во однос на вклучувањето на локални подизведувачи, Димитриеска-Кочоска посочи дека деталите ќе ги дефинира Министерството за транспорт. Таа исто така потврди дека нема да има авансни плаќања, туку средствата ќе се повлекуваат по извршени работи и фактурирање.

„Парите ќе ги влечеме така како што ќе реализираме. Изградиле еден дел, фактурираат, користиме средства од банката, плаќаме. И тоа ќе трае пет години“, објасни министерката.

Димитриеска-Кочоска истакна дека договорите ќе бидат јавни и дека ќе се почитуваат сите законски процедури за да се обезбеди транспарентност и конкурентност во процесот.

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

 

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...