fbpx

Британската влада доделува „чивнинг“ стипендии за лица со лидерски потенцијал

-

Во периодот од 5 август до 5 ноември 2019 година, Секретаријатот „Чивнинг“ прифаќа апликации за стипендии за учебната 2020/2021 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.

Стипендиите „Чивнинг“ им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на едно годишни магистерски студии на кој било британски универзитет и ви дава можност да станете дел од влијателна глобална мрежа на 50.000 стипендисти.

За учебната година 2020/2021 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 стипендии „Чивнинг“. Овие стипендии се значајна инвестиција од Владата на Обединетото Кралство за развојот на идните генерации на глобални лидери.

„Бараме амбициозни, професионални и иновативни идни лидери од сите области кои ќе студираат во Обединетото Кралство и ќе бидат отворени кон нови можности кои ќе им бидат овозможени за време на нивните студии. Стипендистите „Чивнинг“ се стипендисти кои демонстрираат лидерски квалитети, имаат визија за иднината и во кои области сакаат да работат. Тие се дел од глобалната мрежа на 50. 000 стипендисти. Нашите алумни се индивидуи кои се динамични, влијателни и со стекнато искуство кое имате можност и вие да го искусите. Тие можат да ве охрабрат, да ви бидат ментори и да ви дадат совети како и контакти пред вашето заминување на студии во Обединетото Кралство. Кога ќе се вратите дома по вашите студии ќе се чувствувате подготвени да започнете позитивни промени на професионален и приватен план. Во Република Северна Македонија имаме извонредни стипендисити „Чивнинг“ кои работат во јавни институции, граѓански, бизнис и академски сектор. Доколку се гледате како потенцијални стипендисти „Чивнинг“ ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 5 ноември на страната www.chevening.org/apply,” изјави британската амбасадорка во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

Директорот на Секретаријатот Чивнинг, Бен Коутс изјави дека Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство каде пречекува неверојатни индивидуалци од секаде низ светот да студираат на едни од најдобрите универзитети на глобално ниво.

„Чивнинг искуството може да биде неверојатно позитивно искуство кое ќе придонесе за позитивни промени не само за самите стипендисти но и за општествата и земјите од кои тие доаѓаат. Нашите универзитети промовираат критичко размислување, размена на идеи како и надградување на вашето знаење и контакти. Од кога е започната Чивнинг програмата во 1983 година многумина кои биле дел од истата се вратиле во своите земји и станале лидери во одредени области. Јас лично сум запознал многумина и сум импресиониран од нивната страст и посветеност кон она што го изучуваат и се развиваат во врвни професионалци од различни области. Денеска светот се соочува со разновидни предизвици и Чивнинг семејството придонесува кон разменување на идеи и решавање на предизвици на глобално ниво,” рече Коутс.

Стипендиите „Чивнинг“ се дел од глобалната програма на Британската влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт и партнерски организации. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет за едногодишни магистерски студии и индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.

Програмата „Чивнинг“ постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот. На глобално ниво има над 50 000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа.

Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – која моментално е заедничка официјална резиденција на британскиот министер за надворешни работи

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...