fbpx

Британската полиција доби ДНК од Асанж за истрага

-

Британската полиција зеде ДНК-примерок од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој би требало да помогне во истрагата за силување што се води против него.

Властите зеле примерок од Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде тој престојува од 2012 година кога од таа земја побара азил за да го избегне соочувањето во Шведска, каде е обвинет за силување.

– Асанж покажа документ во кој се вели дека предал примерок од ДНК на британската полиција. Шведска сега ќе го бара тој примерок – рече претставник од амбасадата и наведе дека еквадорски обвинител до средината на декември на шведските власти ќе им испрати официјален транскрипт од сведочењето на Асанж на 14 ноември.

Асанж демантира дека извршил силување и стравува дека шведските власти би можеле да го испорачаат во САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...