fbpx

Британската амбасадорка Галовеј оствари средба со министерот за здравство Филипче

-

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска оствари средба со министерот за здравство Венко Филипче. На средбата се водела важна дискусија за актуелната состојба со ковид-19 во земјава и за тоа како Министерството за здравство на РСМ се подготвува за зимските месеци и за активностите што ги преземаат тие за да ги заштитат сите граѓани, напиша амбасадорката на Галовеј на нејзиниот профил на Твитер.

„Носењето маска, држењето дистанца и миењето раце се круцијални чекори за да се спасат животи и да се заштити нашето здравје“, напиша Галовеј на Твитер по средбата со Филипче.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...