Британската амбасадорка Рејчел Галовеј го поздрави поставувањето на монтажната болница до Инфективната клиника, на просторот каде што беа бараките на студентскиот дом „Медицинар“.

„Одлична соработка меѓу Министерството за одбрана и Град Скопје за изградба на капацитет за справување со епидемијата #COVID19. Оваа мобилна болница ќе го удвои капацитетот на Клиниката за инфективни болести и ќе ги поврзе здравствените експерти со пациентите. Важно е за сите нас да останеме дома и да ги почитуваме мерките на Владата на Северна Македонија“, напиша британската амбасадорка Рејчел Галовеј, споделувајќи фотографии објавени од Министерството за одбрана.

Мобилната болница, која е споена со Инфективната клиника ја изградија припадници на АРМ и луѓе од Военомедицинскиот центар.