fbpx

Британска амбасада Скопје прославува 27 години пријателство и билатерални релации помеѓу Британија и Северна Македонија

-

Оваа година поради корона вирус кризата, наместо традиционалниот прием за роденденот на Кралицата го одбележавме цврстото пријателство помеѓу двете земји со онлајн активности кои се случуваа во Британија како балетски и театарски изведби, британска музика, опера и друго, информираат од Британска амбасада.

„Во партнерство со Британскиот совет и МРТ1 споделивме едукативни документарни емисии како и емисии за учење на англискиот јазик за македонската публика. На нашите социјални мрежи го споделивме видеото од британската амбасадорка Рејчел Галовеј која ги потенцираше посетите на Неговото Височество, принцот Едвард и Неговото Височество, војводата од Кент. Амбасадорката зборува и за заедничката работа на важни теми како што е британската поддршка на реформите кои беа предводени од Министерството за одбрана, реформите во областа на правдата, доброто владеење, зацврстување на медиумите, како и емотивниот момент од подигнувањето на македонското знаме како 30. членка на НАТО,“ соопштуваат од амбасадата.

Во изминатите 25 години Британија има поддржано и над 220 Чивнинг стипендисти кои ги завршија своите едногодишни магистерски студии во Британија и се вратија во Северна Македонија да го споделат своето новостекнато знаење за градење на силно и напредно општество.

Имаат придонесено и во образовниот сектор поддржувајќи го учењето на дигитални вештини за ученици преку проектот со Британскиот совет – Училишта на 21-от век, како и развојот на Едуино платформата во партнерство со УНИЦЕФ.

„Бендот на Британска амбасада Скопје ја изведе и легендарната “Let it be” од The Beatles и добивме честитка од светски познатиот пијанист и промотор на македонската култура во Британија, маестро Симон Трпчески. Во соработка со Асоцијација на специјализанти и млади лекари дониравме оброци за оние кои се борат во првите редови против корона вирусот во Северна Македонија, медицинските работници од Градска општа болница „8 Септември“, Клинички центар „Мајка Тереза“ и ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје. Заедно со невладината организација „Една може“ дониравме и пакети со прехранбени производи како и производи за чистење и дезинфекција за еднородителски семејства кои се помеѓу најранливите граѓани погодени од коронавирус кризата. Британија останува силен партнер на Северна Македонија и продолжува да го гради и зацврстува долгогодишното пријателство,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...