Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

„Партнерството овозможува пристап до широк спектар на поддршка, меѓу кои и техничка помош, како и потенцијални инвестиции до 5 милијарди фунти преку Инструментот за надворешно финансирање за проекти во Северна Македонија“, се вели во соопштението од Амбасадата.

-

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството има за цел да ја зајакне трговската соработка и да поттикне економски раст преку поддршка на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија.

„Партнерството овозможува пристап до широк спектар на поддршка, меѓу кои и техничка помош, како и потенцијални инвестиции до 5 милијарди фунти преку Инструментот за надворешно финансирање за проекти во Северна Македонија“, се вели во соопштението од Амбасадата.

Свеченото потпишување се одржа на 22 мај 2025 година во историската зграда Old Admiralty во Лондон, а присуствуваа британскиот министер за извоз, Герет Томас и заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Александар Николоски.

„Ова партнерство отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“, изјави министерот Томас.

Како што додаде тој, „Обединетото Кралство има огромно искуство во реализација на висококвалитетна инфраструктура ширум светот и ми претставува чест што започнуваме соработка што ќе им помогне на британските компании полесно да извезуваат во Северна Македонија“.

Британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон, посочи дека е горд што двете влади постигнаа вакво значајно партнерство кое ќе донесе придобивки за граѓаните на двете земји.

„Стоиме силни и обединети“, додаде Лосон.

Преку размена на знаење и добри практики, британската влада и британски компании ќе соработуваат со владата на Северна Македонија и домашната економија за реализација на инфраструктурни проекти низ земјата. Овој пристап ќе создаде взаемни придобивки преку заеднички иновации и развој на издржлива и модерна инфраструктура.

Партнерствата Влада со Влада се формални договори кои им овозможуваат на други влади пристап до јавна и приватна експертиза за специфични проекти или програми кои создаваат комерцијален бенефит. Вкупната трговска размена во добра и услуги (увоз и извоз) меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија изнесува 1,7 милијарди фунти во четирите последователни квартали од септември 2023 до септември 2024 година. Британија е вториот најголем трговски партнер на Македонија.

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа

Северна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката...