fbpx

Британска амбасада е загрижена и бара дообјаснување за одлуката на Иванов

-

Британската амбасада во Република Македонија побара објаснување на одлуката на претседателот Иванов да се прекинат судските процеси кои се водат против политичари.

„Изјавата на Претседателот од попладнево треба да се објасни. Доколку одлуката да се помилуваат политичари се однесува и на истрагите за наводите изнесени во прислушуваните материјали, тоа би било многу загрижувачки. Целосна истрага на тие наводи и соодветен правен процес се битни елементи на договорот од Пржино. Како такви, тие се клучни за секое одржливо решение на актуелната политичка криза“, стои во реакцијата на британската амбасада.

Иванов денеска во обраќањето до нацијата, кое не беше пренесувано ниту на државниот јавен сервис, објасни дека одлуката ја донел сам и оти причината за тоа е фактот што Договорот од Пржино не успеал да ја реши политичката криза во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...