fbpx

Брисел и Анкара се договорија за бегалците

-

Европската Унија и Турција денеска во Брисел постигнаа договор за ограничување на миграцијата кон Европа, соопштија разни европски лидери.

„Договорот со Турција е одобрен“, напиша Бохуслав Соботка на „Твитер“, на крајот на дводневниот самит.

„Сите илегални мигранти што стигнале во Грција од Турција, од 20 март ќе се враќаат назад“, додаде тој.

Истото го потврди и финскиот премиер, Југа Сипила, кој исто така твитна. „Турскиот договор е одобрен“, напиша Сипила.

Според финскиот премиер, Брисел и Анкара се договориле да отворат едно поглавје од преговорите за влез на Турција во ЕУ.

– До крајот на јуни, 33. поглавје за буџетот, исто така, ќе биде отворено“ додаде тој.

Според договорот, кој предвидува и финансиска помош за Турција, Анкара ќе ги прими назад сите бегалци што ќе бидат одбиени за азил, а за возврат ЕУ ќе преземе дел од сириските бегалци од Турција. Сепак, договорот треба официјално да се потпише со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој ги претставува турските интереси во Брисел.

Европа се соочува со најголемата бегалска криза по Втората светска војна. Според податоците на Меѓународната организација на миграција (ИОМ), минатата година повеќе од милион бегалци од Средниот Исток пристигнале во Европа преку Турција.

Судбината на речиси три милиони сириски бегалци, кои се наоѓаат во Турција, беше едно од главните прашања на двете страни во разговорите во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...