fbpx

Брисел: ЕУ ги исполнува обврските кон сириските бегалци во Турција

-

Европската Унија денеска соопшти дека ги исполнува сите обврски кон сириските бегалци во Турција, одговарајќи на обвиненијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој изјави дека не добил никаква поддршка.

– ЕУ ги почитува своите обврски и секоја сугестија што го тврди спротивното не е точна – изјави портпаролот на ЕУ, Маргаритис Схинас.

Ердоган вчера го обвини Брисел дека не се придржува кон ветувањето за финансиска помош за сириските бегалци. Тој во интервју за германската телевизија „АРП“ рече дека „Европејците не се чесни“, наведувајќи дека од ветените три милијарди евра, испратени се „една до две милијарди“.

ЕУ и Турција кон крајот на март постигнаа договор за решавање на бегалската криза.

Во Турција се наоѓаат 2,7 милиони сириски бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...