Меѓународниот олимписки комитет потврди дека брејкденсингот ќе биде дел од Олимписките игри во Париз во 2024 година, со цел игрите да бидат „балансирани помеѓу половите, но и поурбани“.
„Понекогаш сме третирани како деца кои не знаат што прават. На овој начин олимписките игри ќе ги отворат вратите за нас, со што ќе бидеме сфатени сериозно. Да ја претставувам својата земја ќе биде осварување на мојот сон“ изјави британскиот брејк-танцувач, Карам Синг, кој вели дека ова е одлична вест за брејкденсингот бидејќи тоа му дава поголемо признание како спорт.
На Олимписките игри Париз во 2024 година ќе се натпреваруваат 16 момчиња и 16 девојчиња танчери во натпревари еден наспроти еден, со што се очекува вклучувањето на овој спорт да привлече млада публика на Олимписките игри.
Освен ова, сурфање, скејтборд и спортско качување, кои се дел од игрите во Токио следната година, исто така, ќе бидат вклучени на игрите во Париз 2024 година.
За да се отвори простор за поновите спортови, Меѓународниот олимписки комитет го намали бројот на категории за кревање тегови и бокс, а воедно и ги одби барањата за крос кантри атлетика и веслање на крајбрежје. Вкупната квота за атлетичари, исто така, ќе се намали на 10.500, што е за 500 помалку отколку што се очекуваше за игрите во Токио.