Божиновска на Меѓународниот ден на девојки и жени во науката: Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, усвоен од Обединетите нации во 2015 година, има за цел да го истакне значењето на родовата еднаквост во СТЕМ професиите

-

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа на науката, инженерството и технологијата.

На средбата, како што информираа од ова министерство, учествувале добитнички на Инженерски прстен, како и девојки кои се дел од програмата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак.

„Овие млади жени, кои веќе се впуштиле во инженерството и научната дејност, ги споделија своите искуства, предизвици и успеси, истакнувајќи ја важноста на поддршката и можноста за учество во STEM областите. Средбата беше исполнета со инспиративни приказни, идеи и заеднички цели за промовирање на овие критични области меѓу младите жени во Македонија“, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска истакна дека поддршката за зголемување на бројот на девојки и млади жени, посебно во инженерството и областите енергетика и рударство, е една од приоритетните цели на министерството. Таа ги охрабри учесничките да продолжат да се трудат и да веруваат во своите способности, истакнувајќи дека жените имаат значаен удел во економскиот и општествениот напредок на државата.

„Македонија е една од ретките земји каде што бројот на жени истражувачи е над 50% од вкупниот број истражувачи, што е показател за огромниот потенцијал што го имаме. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да застанеме – напротив, потребна е уште поголема поддршка за девојките и младите жени да се охрабрат и да ги следат своите интереси во науката, инженерството и енергетиката“, истакна Божиновска.

На средбата се разговараше и за идните иницијативи кои ќе ги поттикнуваат младите жени да се вклучат во STEM областите. Меѓу нив се и менторските програми и програмите за практикантство во државните институции и компании, како што се ЕСМ, МЕПСО, МЕМО – Македонската берза на струја, како и во рударскиот сектор. Овие програми имаат за цел да им овозможат на младите жени реално искуство и поддршка за нивниот професионален развој.

Учесничките ја потенцираа важноста од поголема видливост на успешните жени во науката и инженерството, како и потребата од заеднички иницијативи за популаризација на овие професии меѓу младите девојки. Тие изразија подготвеност за соработка со Министерството во промоција на STEM професиите со цел во иднина да има уште повеќе млади инженери и научници кои ќе придонесуваат за развојот на Македонија.

„Жените во науката и инженерството не се исклучок, туку правило што мора да се поддржи и унапреди. Полот не е пресуден за успех – квалитетот, трудот и посветеноста се клучните фактори. Наша обврска е да ги обезбедиме сите можности што ги заслужуваат“, истакна министерката Божиновска.

Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, усвоен од Обединетите нации во 2015 година, има за цел да го истакне значењето на родовата еднаквост во СТЕМ професиите. Овој ден е потсетник дека светот не смее да биде лишен од потенцијалот, интелигенцијата и креативноста на жените, кои често се соочуваат со нееднаквости и предрасуди.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...