Министерството за труд и социјална политика информира дека 7 јануари 2020 година (вторник), првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.

Во согласност со Законот за празниците, 6 јануари 2020 година (понеделник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.