fbpx

Босна добива статус на кандидат за членство во ЕУ, Косово оваа недела ќе поднесе кандидатура

-

Министрите за европски прашања од 27-те земји на ЕУ денес се согласија да ја поддржат препораката за доделување кандидатски статус на Босна, пренесе, Асошиејтед прес.

Тие ја одобрија кандидатурата на Босна само една недела откако лидерите на ЕУ дадоа поконкретни сигнали до шесте земји од Западен Балкан кои се стремат да се приклучат на ЕУ дека имаат идно место во блокот. Денешната одлука треба формално да биде одобрена од лидерите, кои во четврток ќе се сретнат на самит во Брисел.

Со оваа одлука Босна ќе им се придружи на другите кандидати за ЕУ: Албанија, Молдавија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина – во процесот за пристапување во ЕУ. Од нив, Албанија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија веќе ги имаат започнато преговорите.

Косово за сега е единствената земја во регионот што досега нема поднесено барање за влез во ЕУ, а Косовскиот премиер Албин Курти на денешната владина седница изјави дека во текот на оваа недела властите ќе ја поднесат апликацијата за членство.

„Како што знаете, ние сме последната земја од Западен Балкан која аплицира за членство во Европската Унија, иако сме прва земја во овој регион за владеење на правото, слобода и демократија“, рече Курти.

Според него, дојдено е вереме потенцијалниот кандидатски статус официјално да стане кандидатски статус, преминувајќи во нова фаза на односите со Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...