fbpx

Бошњаковски: Владата сака амандманите да ги дефинира со опозицијата, заради консензус

-

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

– Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи, како што вели и премиерот, пресериозна е работата. Амандманите ќе ги прави Владата и најдобро е да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус во духот на Договорот од Преспа – рече Бошњаковски на новинарско прашање.

Тој објасни и дека на вчерашната седница Владата донела  препорака до Уставниот суд да не ја прифати иницијативата поднесена од адвокатската канцеларија на адвокатот Еленко Миланов, со која се бара одговорноста за неправилности во јавните набавки да се префрли врз комисиите за јавни набавки и функционерите да бидат ослободени од каква било одговорност.

– Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери од претходната влада за кои во моментов се води постапка од СЈО – рече Бошњаковски.

Тој појасни дека истовремено со иницијативата се бара и предметите кои се водат во овој момент, а се однесуваат на кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и овластувње, да бидат запрени сè додека Уставниот суд не се произнесе по неа.

– Ова е неприфатливо во ниту една форма. Амнестија во Република Македонија нема да има за кој било што се огрешил од законот без оглед на етничката или политичката припадност – рече владиниот портпарол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...