fbpx

Бошњаковски: Сè уште траат консултациите за новото име на МАНУ

-

Преименувањата на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот е направено согласно три критериуми. Останува да се види како ќе гласи новото име на Македонската академија на науките и уметностите, со која во тек се консултации, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција.

-Имињата на институциите каде се споменува зборот „Република Македонија“ се заменети со „Република Северна Македонија“, додека во случаите кога се работи за институција од национален карактер, а во името ја има придавката „македонска“, тогаш таа е заменета со „национална“ како што е случајот со Македонска радиотелевизија која сега се преименува во Национална радиотелевизија. Придавката „македонска“ останува само кај институциите кои го идентификуваат македонскиот национален идентитет, како што е случајот со Македонскиот народен театар – вели Бошњаковски.

Засега од Владата не откриваат колку ќе чини преименувањето, но најавуваат дека ќе излезат со информација откако ќе заврши целиот процес.

Бошњаковски истакна дека нема да има промена во химната, а остануваат и имињата на градовите Македонски Брод и Македонска Каменица.

Во однос на понатамошната употреба на придавката „македонски“, „македонска“ и „македонско“ Бошњаковски рече дека таа ќе се користи секогаш кога е поврзана со етничкиот и културниот идентитет, односно ќе се користи македонски јазик, македонска култура, македонски народ, македонска литература, македонско кирилско писмо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...