fbpx

Босанскиот пазар им носи нова работа на македонските градежници во странство

-

Градежната оператива од земјава во првите девет месеци од годинава склучила договори за изведување на градежни работи во странство во вредност од 65 милиони евра, односно за 249,1 отсто повеќе во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Истовремено, македонските градежници во периодот јануари – септември 2019 година извршиле градежни работи во странство во висина од 3,4 милиони евра, што е за 80,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пораст на договорените градежни работи се должи првенствено на новите зделки што ги склучиле градежните компании од земјава на босанскиот пазар. Босна и Херцеговина останува водечка земја во која македонските компании работат на проекти. Пораст на договорените градежни работи во овој период е забележан и во Германија, Црна Гора, Косово, Шведска и Бугарија, додека помалку договори се потпишале за изведба на проекти во Австрија и Србија.

Во делот на извршените градежни активности, големиот пад на нивната вредност се должи на завршувањето на изведбата на објекти во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...