fbpx

Борисов: Сега е моментот за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

-

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Брисел изјави дека сега е вистински момент да се направат конкретни чекори и да се донесат конкретни одлуки кога е во прашање европската перспектива на Западен Балкан.

– Можноста е тука, бидејќи по Бугарија (на чело на ЕУ) доаѓаат Австрија и Романија кои се запознаени со регионот, знаат што може да понуди и како да се направи прогрес во регионот – оцени Борисов на заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, со кого разговараше за приоритетите на бугарското шестмесечно претседателство со ЕУ кое почнува на први јануари 2018 година.

Борисов потврди дека неговата влада во мај, следната година во Софија ќе организира самит ЕУ – Западен Балкан.

Бугарија веќе најави дека Западен Балкан ќе биде меѓу главните приоритети за време на нејзиното претседавање со ЕУ.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер истакна дека е од суштинска важност да се задржи европската перспектива на Западен Балкан.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој изјави оти очекува Србија и Црна Гора да станат полноправни членки на Европската Унија пред најавениот рок.

– Мислам дека овие две земји ќе бидат членки на ЕУ и пред 2025 година – рече Јункер.

Претседателот на Европската комисија во својот говор од септември годинава за прв пат во текот на својот мандат на чело на ЕУ потврди дека Унијата ќе се прошири кон Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...