fbpx

Борбите во Украина продолжуваат, блокирани за извоз 90 милиони тони земјоделски производи

-

На истокот и југот на Украина продолжува руската агресија со гранатирања на населени места и обиди за нивно освојување. Во близина на градот Изијум во Харкивската област, руските сили се подготвуваат за нова офанзива за да продрат подлабоко на територијата кон Донецката област, јавува Укринформ.

Руските сили се обидуваат да воспостават целосна контрола над градовите Рубижне и Попасна и продолжуваат со офанзивните дејствија кон Сиверск, Словјанск, Лисичанск и Авдијивка.

Според податоците на украинските вооружени сили, од почетокот на руската агресија врз Украина до денес околу 25.600 руски војници ги загубиле своите животи во борбите за окупација на земјата, уништени се 2.764 борбени возила, 1.145 тенкови, 199 авиони, 158 хеликоптери и друга воена опрема на Русија, пренесува Укринформ.

Британското Министерство за одбрана денеска објави разузнавачки информации, во кои се наведува дека руските сили се приморани да користат старо оружје. Руските залихи на прецизно наведувано оружје најверојатно е силно исцрпено, што ја приморало официјална Москва да користи помалку доверливо и прецизно оружје кое е полесно пресретнувано од украинската одбрана, објавува Би-би-си.

Поради користењето на постаро оружје, во изминатиов период се зголемуваат и цивилните жртви во руските напади. Украинските власти информираат дека од почетокот на руската агресија најмалку 226 деца ги загубиле своите животи, додека 415 се повредени. Најголем дел од загинатите деца се од Донецкиот регион.

Покрај страшните разорувања на територијата на Украина, руската агресија предизвикала запирање на извозот на околу 90 милиони тони земјоделски производи. Украинскиот премиер Денис Шмихал вели дека причината за ова е руската блокада на пристаништата во Украина, а последица од сето ова ќе биде глобална криза за храна, јавува Укринформ.

„Поморските пристаништа се блокирани, а 70 отсто од овој извоз минуваше преку нив. Всушност, поголем дел од нашата граница е во воена зона или со непријателски земји. Имаме многу доверливо ‘тесно грло’ за извоз, но со многу помал капацитет во споредба со пристаништата. Зборувам за нашата западна граница со Европа“, изјави Шмихал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...