Борба со аерозагадувањето: Владата ќе стави системи за филтрација на воздух во градинките, училиштата, болниците

Загадувањето на воздухот е еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија

-

Компанијата „Екотип“ од Скопје ќе донира 255 системи за филтрација на воздух вредни еден милион евра, кои ќе бидат поставени во градинки, училишта, болници и други јавни установи. Договорот за донација беше формално потпишан денеска во Владата. Компанијата работи во областа на филтрација на воздухот и е претставник на германскиот производител на напредни системи за прочистување на воздухот Mann+Hummel.

На прес конференцијата, на која се промовираше донацијата, од Владата потенцираа дека загадувањето на воздухот е еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија, заради што ваквите донации од приватниот сектор се од суштинско значење за заштита на здравјето на граѓаните.

„Успехот во оваа област зависи од заедничките напори на сите сектори. Затоа како Влада особено го истакнуваме значајниот придонес на приватниот сектор, како што е оваа донација од 255 системи за филтрација на воздухот во вредност од еден милион евра. Се надеваме дека овој пример ќе послужи како инспирација за други компании да се вклучат да придонесат во заедничката борба за почист воздух и поздраво општество“, велат од Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја поздрави донацијата и порача дека чистиот воздух е заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите. Тој најави дека продолжува дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel и Екотип за можностите за понатамошна соработка на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи.

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг состојбата со загадувањето на воздухот во јануари годинава е многу полоша од истиот месец лани. Во Лисиче, мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека само два дена во јануари воздухот бил чист.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...