Борјан Ефтимов e нов студентски лидер на УКИМ

Студентите го избраа Борјан Ефтимов за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а негов противкандидат беше Александар Ѓорѓиевски. Tој е дел од Факултетското студентско собрание на Правниот факултет и Студентската организација на истиот факултет.

Ефтимов во неговиот говор пред студентите истакна дека ќе се залага да се реализираат што повеќе активности.

– Ќе го контактирам Ректорот да ни се отстапат канцелариите на СПУКМ. Јас ќе бидам таму од 8 до 16. Во секое време канцеларијата ќе биде отворена, ќе може сите да дојдете да работите. Нема да дозволам да се вршат притисоци. Ние сме еднакви членови на академската заедница и како такви ќе бидеме третирани – изјави Ефтимов.

Тој e поранешен активист од Студентскиот пленум, а се залагал и за универзитетската автономија.