На почетокот на прес-конференцијата на СДСМ, новинар од телевизија „Сител“, во името на МАН, инсистираше лидерот Зоран Заев да се извини за нападите на новинарите, а му предаде и копија од Устав на Република Македонија.

Заев на денешната прес-конференција презентираше прислушувани разговори околу смртта на новинарот Никола Младенов.

– Доказите јасно укажуваат дека постапката за Никола Малденов, власта на Груевски ја водела неодговорно. Јавноста знае дека сообраќајката е затворена како несреќен случај, без да се поведе кривична постапка. Денеска аудиоразговорите го отвораат прашањето дали случајот може да се затвори како трагична несреќа или има индиции дека некој можеби ја иницирал несреќата – изјави Заев.

Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер зборуваат како тоа истражниот судија треба да даде изјава. Протоѓер инсистира МВР да не даде изјава и да каже дека истражниот судија ќе каже за истрагата. Јанкулоска вели дека последен човек со кој се видел Младенов е Стевчо Јакимовски. Му објаснува дека жена му се слушнала со него околу 22 часот, но не се вратил повеќе часови. Утрината таа пријавила во полиција. Јанкулоска вели дека нема ништо туку дека излетал од автомобил. Јанкулоска објаснува дека зборела со Павле (Трајанов), кој ја замолил во името на сопругата на Младенов да провери преку телефон каде се наоѓа тој. Објаснува и дека сопругата на Младенов дошла во полициска станица, пополнила барање за лоцирање на Младенов, по што го нашле за два часа.

Влатко Мијалков со соговрник зборува за тоа каде се случила сообраќајката. Тие зборуваат дека Младенов бил финасиски оптоварен и дека, можеби, доживела удар.

Иво Котевски ѝ кажува на Јанкуловска дека крим-вештачењата се завршени. Тој ѝ објаснува дека треба да се пуштат и на истражен судија. Зборуваат за вештачењето кое треба да се достави до судија. Јанкулоска објаснува дека автомобилот треба да се однесе на испитување на Машински факултет. Зборуваат за изјавата на судијата и ја коментираат дека ќе биде интересна за медиумите. Тие велат дек УБК треба да оди кај судијата и да му објасни. Котевски ја информира дека УБК не одат на состаноци каде се зборува за сообраќајни прекршоци.

Мартин Протоѓер и Горана Јанкулоска зборуваат за тоа како Жоро (Зоран Димитровски, „Нова Македонија“) напишал порака дека имал докази за Младенов. Јанкулоска вели дека истрагата ја води истражен судија и дека ќе му обезбеди средба со него или со обвинителот. Протоѓер ѝ објаснува дека Жоро имал информации кои ќе потврделе каде бил Младенов и дека ќе ги запрат сите шпекулации.