Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски

За да им се овозможи да го остварат своето гласачко право на предвремените парламентарни избори, болните од ковид-19 и лицата што се наоѓаат во самоизолација мора да се пријават до ноќеска на полноќ до Општинските изборни комисии или по електронски пат.

На оние граѓани кои ќе се пријават ќе им биде овозможено да гласаат од нивните домови на 13 јули (понеделник). Сепак, сите оние лица што ќе бидат прогласени за новозаболени од ковид-19 во периодот по 8 јули или, пак по тој датум добијат решение за самоизолација, на претстојните избори нема да можат воопшто да гласаат, предупредуваат од ДИК.

Од Државната изборна комисија посочуваат дека засега постои мал интерес за гласање кај лицата кои се болни од ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација. Од ДИК апелираат оваа категорија на граѓани да се пријави електронски за гласање преку веб-страницата на ДИК: https://izolacija.sec.mk/.

Алтернативно, тие можат да се пријават за гласање преку полномошник, којшто до Општинската изборна комисија ќе треба да достави копија од лична карта и копија од решението за карантин или самоизолација.