fbpx

Болните и немоќните, како и лицата со ковид-19 и во самоизолација, треба да се пријават за гласање до 8 јули

-

Од денеска па сè до 8 јули, немоќните и болните лица, како и пациентите заболени со ковид-19 и лицата што се во самоизолација, ќе мора да се пријават до општинските изборни комисии за да го остварат своето право на глас на претстојните парламентарни избори. За нив, објавено е упатство за начинот на кој ќе се одвива пријавувањето и гласањето. 

Лицата што се во карантин или во самоизолација поради ковид-19 ќе гласаат на 13 јули (понеделник). За да можат да гласаат, овие граѓани известувањето дека им е пропишана мерка да не излегуваат од дома ќе треба да го достават до општинската изборна комисија преку полномошник или по електронски пат. ДИК ќе формира избирачки одбори по општините, кои ќе го спроведат гласањето на овие лица во домашни услови.

Посебно упатство за начинот на пријавување и гласање е подготвено и за немоќните и болните лица, во кои спаѓаат и хронично болните лица. Сепак, и за нив планирано е гласањето да се одржи на 14 јули (вторник), додека пријавувањето за остварување на правото на глас ќе биде до 8 јули. Најдоцна до 11 јули ќе можат да се пријават за гласање единствено лицата кои се во домашен притвор, а заедно со затворениците, овие лица ќе можат да гласаат на 14 јули.

За претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули денеска беше заклучен Избирачкиот список со 1.814.263 граѓани со право на глас, објави денеска ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...