fbpx

Болничарите во борбата против коронавирусот: Многу пожртвуваност и посветеност

-

Густиот и интензивен распоред на работа, отежната физичка и емоционална кондиција и непосредно соочување со ризикот. Ова се само некои од жртвувањата кои моментално ги прават лекарите заедно со болничарите, за да ја надминат тешката ситуација во која се наоѓа здравството на Северна Македонија и во речиси целиот свет, која е последица на пандемијата на ширење на вирусот корона, пишува „Порталб.мк.

За да дознаеме како се справуваат со оваа ситуација, ја контактиравме медицинската сестра Несрин Чајани, која не негираше дека се соочуваат со сосема нова, непредвидлива и несомнено тешка ситуација. Рече дека, ситуацијата во која се наоѓа земјата јасно говори за ризикот кој му се заканува секому, а посебно на медицинскиот персонал во целина, меѓутоа со преземените мерки и со претпазливост и зголемена заштита, Чајани верува дека успешно ќе се справат.

Ова е нашата должност, како морална така и професионална и секогаш ќе бидам блиску до лицата во потреба, независно од ситуациите со кои сме предизвикани. Во случаи како овој, се разбира дека и ние како медицински персонал, но и сите лица кои работат во нивните работни позиции покрај актуелната состојба, чувствувајќи го отсуството на нивните деца и семејство, група во која спаѓам и јас лично, секако дека се чувствуваме исплашени за безбедноста наша и на останатите”, изјави Чајани.

Таа вели дека без оглед на се, тие ќе продолжат да бидат во служба на пациентите што имаат потреба и ќе придонесуваат да не се шири непотребна паника. Ова, како што таа рече, го прави целиот медицински персонал, кој е обединет како никогаш порано и го дава максимумот што може.

Меѓутоа, независно од ова, ние сме тие кои треба да им излеземе во пресрет на луѓето, со цел да не се создаде уште поголема паника. Бидејќи ние како екипа пренесувавме заразени пациенти со коронавирус, но во текот на тој период сите заедно соработувавме многу и со поддршката на нашиот раководител успешно ја завршивме работата. Секогаш заедно можеме да создадеме сила и да напредуваме”, истакна таа.

Медицинската сестра Чајани, порачува за максимална одговорност, свесност и што е можно поголема претпазливост, со цел сите да ја исполнат индивидуалната должност за спречување на понатамошното ширење на коронавирусот.

Мојата порака за пациентите и сите граѓани е да останат во нивните домови, да не создаваат паника која подоцна влијае врз нивната психичка состојба, да бидат повнимателни и да ги почитуваат правилата бидејќи ситуацијата е сериозна и сите тие што чувствуваат нагласени симптоми, би ве замолила да се обратите до здравствените установи со цел да се спречи пренесувањето на вирусот на други лица”, додаде Чајани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...